Дома Фудбал Италија Наполи објави чудно соопштение за случајот со Инсиње

Наполи објави чудно соопштение за случајот со Инсиње

Фудбалерите на Наполи синоќа ремизираа на гостувањето кај Сасуоло (3:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во синоќешниот натпревар на кој видовме шест погодоци.

Сепак, не сите уживаа во натпреварот. Имено, капитенот на гостинскиот тим Лоренцо Инсиње беше бесен кога Сасуоло изедначи на 3:3, па тимот го нарече „Сра*е од тим.“

Тоа предизвика лавина реакции на негова сметка, а денеска се огласи и Наполи со цел малку да ја смири ситуацијата. Од клубот тврдат дека помеѓу Инсиње и соиграчите нема никакви проблеми.

„Сакаме да се огласиме поради шпекулациите во медиумите и јасно да дадеме до знаење дека немаше кавга помеѓу капитенот и неговите соиграчи. Тој ги исфрли од себе фрустрациите после натпреварот и тоа е се.“ – соопштија од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…