Дома Фудбал Напаѓачот на Тотенхем: Ми недостасува Јуве, ќе се борам за дресот на Дибала

Напаѓачот на Тотенхем: Ми недостасува Јуве, ќе се борам за дресот на Дибала

Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте во вторник ќе игра против својот поранешен клуб Јувентус во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Шпанецот тврди дека најмногу се радува на средбата со Дибала кој е под знак прашалник за овој натпревар поради повредата, но и без него според Љоренте, Јувентус е велесила.

„Со Дибала играв само една полусезона и тоа ми беше доволно да видам за каков фудбалер се работи. Мојот син обожава фудбал, често пати му носам дресови, но во Торино ќе се борам за дресот на Дибала. Иако се пишува дека тој е повреден, ние го очекуваме на теренот“.

„Навистина ми беше тешко кога го напуштав Јуве, Мислам дека Трезеге беше во право кога кажа дека кога ќе заминеш од клуб, разбираш каде си играл. Ми недостасува Јуве, би бил пресреќен кога би можел да се вратам“, заврши Љоренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…