Дома Фудбал Напаѓачот на „Волчицата” откри: За два натпревари посебно жалам

Напаѓачот на „Волчицата” откри: За два натпревари посебно жалам

Един Џеко игра во фантастична форма и поради тоа е лидер помеѓу стрелците во Серија А.

Тој денеска одговараше на прашањата од навивачите на Рома кои му ги поставуваа преку официјалната страна на клубот, а помеѓу нив имаше и неколку навистина интересни.

Во текто на овој „разговор” со навивачите Џеко откри и за кои два натпревари најмногу ќе жали оваа сезона.

„Навистина жалам за два натпревари. Првиот е реваншот против Лион во Лигата на Европа, а вториот е полуфиналето во Купот на Италија против Лацио”, изјави Џеко.

Да потсетиме, Рома беше елиминирана од Лион во осминафиналето од Лигата на Европа, а исто така беа елиминирани и од Лацио во италијанскиот куп.

Џеко во овој момент е повреден и за жал на навивачите на римскиот клуб ќе го пропушти големото дерби против Јувентус кое се игра овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…