Дома Фудбал Надминати проблемите во репрезентацијата на Камерун – Јунак е Самуел Ето

Надминати проблемите во репрезентацијата на Камерун – Јунак е Самуел Ето

Фудбалерите на Камерун одбија да отпатуваат на првенството во Египет бидејќи Фудбалскиот сојуза не им ги исплати договорените бонуси од 30.000 евра за секој играч.

Ниту Сојузот, ниту Владата немале пари да им исплатат на фудбалерите. Репрезентативците се спротиставиле и одлучиле да не патуваат на Афричкиот Куп на нации.

Селекторот Кларенс Сидорф за помош во оваа криза го повика легендарниот фудбалер Самуел Ето, кој на крајот го реши проблемот.

Поранешниот напаѓач на Барселона и Интер беше посредник во преговорите на фудбалерите со челниците на Фудбалскиот Сојуз и министерот за спорт, па на играчите веќе им е уплатена првата рата од договорениот бонус.

На крајот Лавовите одличија да тргнат на пат кон Египет, каде ќе бидат едни од главните фаворити за освојување на насловот.

Камерун во групата игра со Гана, Бенин и Гвинеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола во надополнувањето за спас: Јунајтед до 4:4, но остана во опасната зона!

Астон Вила двапати имаше предност од два гола, но Зиргзе и Доргу му донесоа бод на Јунајте…