Дома Останати Тенис Надал: Ѓоковиќ заслужи да победи

Надал: Ѓоковиќ заслужи да победи

Францускиот грен слем турнир „Ролан Гарос“ ќе добие нов шампион, откако актуелниот Рафаел Надал претрпе пораз од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Србинот славеше со 3-1 во сетови (3-6, 6-3, 7-6, 6-2).

После натпреварот Надал му ја честиташе заслужената победа на противникот.

„Не играв добро на почетокот, направив грешка, па Новак имаше брејк топки, потоа шанса за гејм, можеше да поведе со 2-0, а потоа и со 4-0. Игравме во топло време, условите беа малку потешки.

Кога се стемни и се сменија условите, Новак се прилагоди подобро, а кој ќе се прилагоди заслужува да победи. Нема сомнение дека тој го заслужи тоа“, рече Надал.

Ривал на Ѓоковиќ во финалниот натпревар Ролан Гарос ќе му биде Стефанос Циципас, кој во првото полуфинале со 3-2 во сетови го совлада Александар Ѕверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Луд меч во Токио: Чилиќ дојде до победа откако не искористи 10 меч топки!

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ одигра луд меч на Олимпските игри во Токио. Чилиќ успеа да …