Дома Останати Надал и Квери ќе го играат финалниот дуел на турнирот во Акапулко

Надал и Квери ќе го играат финалниот дуел на турнирот во Акапулко

Шпанецот Рафаел Надал и Американецот Сем Квери ќе играат во финалето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот тенисер во полуфиналната пресметка на убедлив начин дојде до победата над Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:1 и 6:2.

Квери имаше потешка задача и тој во три сета го елиминира Ник Кирјос од Австралија: 3:6, 6:1 и 7:5.

Финалето е закажано за ноќта меѓу сабота и недела во 4 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Ѓоковиќ ако не може да издржи, нека остане дома“

Поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Франција Жан-Пол Лот зборуваше за првата недел…