Дома Фудбал Награда за добрите партии: Бензема добива нов договор

Награда за добрите партии: Бензема добива нов договор

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се договори со клубот за продолжување на договорот за уште една сезона, откри „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментов Бензема има договор со „кралевите“ до 2021 година, а ќе ја продолжи верноста до јуни 2022 година.

Французинот со новиот договор ќе добие и повисока плата, со оглед на фактот дека игра одлична сезона и покажа дека е лидер на тимот после заминувањето на Роналдо.

Тој имал можност да потпише и подолг договор, но во 2022 година ќе има точно 34 години, па не е јасно дали ќе сака да продолжи да игра на високо ниво.

Не е тајна дека напаѓачот е во одлични односи со Флорентино Перез и тоа е основа Бензема да остане долги години на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…