Тренерот на Лајпциг, Јулијан Наглесман покажува интерес кон менаџерското столче во Тотенхем, пренесуваат германските медиуми.
Младиот и амбициозен тренер е спремен на лето да направи исчекор во кариерата и смета дека Тотенхем би бил идеална место за него, ако Жозе Мурињо добие отказ.
Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Тотенхем моментално е на 9-то место во Премиер лигата, што не му се допаѓа на раководството, па сериозно размислува за тренерска смена.
Следните неколку натпревари ќе бидат клучни за иднината на Мурињо, а Нагелсман е најгомелата желба на претседателот Леви.
33-годишниот Нагелсман е на клупата на Лајпциг од 2019 година, неговиот тим е на второ место во Бундеслигата и игра добро во Лигата на шампиони.