Дома Фудбал Нагелсман и Луис Енрике испаднаа од трката за тренерското столче во Челзи

Нагелсман и Луис Енрике испаднаа од трката за тренерското столче во Челзи

Челзи е во потрага по нов тренер за следната сезона, а во последните денови се лецитираше со многу имиња.

Челниците на чело со Тод Боели одржаа состаноци со неколку тренери, а меѓу нив и Јулијан Нагелсман и Луис Енрике.

Меѓутоа, последните информации од Островот се дека двајцата тренери дефинитивно отпаднале од комбинација и сигурно нема да седнат на кормилото на Челзи.

Како главен фаворит во трката за нов менаџер на Челси сега останува Маурицио Покетино, со кого Боели исто така имал неколку средби и бил импресиониран од Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…