Дома Фудбал Репрезентации Навивач втрча на терен, Роналдо го воодушеви со реакцијата

Навивач втрча на терен, Роналдо го воодушеви со реакцијата

Кристијано Роналдо и понатаму е прва ѕвезда каде и да се појави, па така беше и во натпреварот на Португалија против Луксембург, кој заврши со победа од 0:6 за Португалците.

Капитенот на репрезентацијата на Португалија и фудбалер на Ал Наср, иако е во позрели играчки години и настапува во не толку атрактивна лига, се уште ја потврдува класата и во дресот на репрезентацијата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во вчерашниот натпревар против Луксембург на теренот до Ронадло дотрча еден навивач. Обезбедувањето успеа да го стигне и додека го изнесуваа од теренот, Роналдо му возврати со реакција.

Имено, Роналдо се сврти кон навивачот, покажа палец нагоре, се насмевна и му намигна.

Во победата од 6:0, Роналдо постигна два гола за Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…