Дома Фудбал Навивачите не можеа да посакаат подобар наследник на Клоп: Слот сруши рекорд на Анчелоти и Мурињо!

Навивачите не можеа да посакаат подобар наследник на Клоп: Слот сруши рекорд на Анчелоти и Мурињо!

Стравуваа навивачите како ќе изгледа тимот по заминувањето на Јирген Клоп, но на Арне Слот на „Енфилд“ му оди одлично.

По 11 кола со Ливерпул Слот е лидер во првенството, но успеа да надмине и рекорди на Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

Имено, Слот успеа да стане првиот тренер откако Премиер лигата се игра во денешниот формат (1992) кој во своите први 17 натпревари во сите натпреварувања забележал дури 15 победи.

Рекордот досега го држеа Жозе Мурињо и Карло Анчелоти, меѓутоа сега Холанѓанецот ги прекокна. На листата зад Мурињо и Анчелоти со по 13 се: Конте, Сари и Грегори.

Пеп Гвардиола со Манчестер сити во неговите први 17 натпревари забележа само 11 победи, па се наоѓа подолу на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 19 години, а го измеша големиот ривал: Делмас ја водеше Олимпија до историја

Едуардо Делмас со прекрасен соло-продор ја најави победата од 2:0 над Серо Портењо. Олимпи…