Дома Фудбал Навивачите на Јувентус бесни на Погба: Важно му е само СП, гајле му е за Јувентус!

Навивачите на Јувентус бесни на Погба: Важно му е само СП, гајле му е за Јувентус!

На навивачите на Јувентус не им се допадна последниот потег на Пол Погба.

Францускиот репрезентатвец има проблеми со менискусот и требаше да оди на операција, но се одлучи за конзервтивн терапија поради кој би пропуштил околу пет недели. Ваквата терапија ќе му овозможи на Погба да биде спремен и пред репрезентативната пауза и секако би играл на Светското првенство.

Значи, Погба после петмесечната пауза би играл со голем ризик, но главната цел ќе му биде да игра на Мундијалот во Катар. Навивачите Јувентус сметаат дека тоа не е фер од негова страна и дека Јувентус го ставил во втор план.

„Ова за нас, навивачите на Јувентус е најлоша вест. Можеби ќе го одработи Светското првенство, а потоа ќе се оперира и прашање е дали ќе видиме нешто добро од него оваа сезона“.

„Да јасно е дека него му е важно Светското првенство, гајле му е за Јувентус“, коментираат навивачите на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема одмор кај Покетино: Дел од играчите на Јунајтед кренаа тегови по ремито

По 2-2 против Спортинг во Лисабон, Покетино им зададе дополнителна работа на дел од фудбал…