Дома Фудбал Навивачите бесни: Двајца фудбалери на Баерн по поразот од Мајнц си отпатуваа да гледаат Милан – Лече

Навивачите бесни: Двајца фудбалери на Баерн по поразот од Мајнц си отпатуваа да гледаат Милан – Лече

Милан во рамките од Серија А вчера го победи Лече со 2:0, а овој натпревар го следеле и двајца фудбалери на Баерн Минхен.

На трибините во Милано биле забележани Лукас Ернандез и Бенџамин Павар. Лукас на трибините веројатно беше да го гледа својот брат, додека Павар им правеше друштво на своите соиграчи од репрезентацијата.

Но, ваквиот потег за голем дел од навивачите на Баерн е несериозен, двајцата во Милано отпатувале во време на голема криза која го тресе гигантот од Минхен. За викендот клубот претрпе пораз од Мајнц со 3:1 со што го загуби лидерското место во Бундеслигата.

Нивното патување по овој пораз дополнително ја зголемило тензијата во соблекувалната која настана со отказот на Нагелсман, па потоа и елиминациите од Купот и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ја совлада Рома, Фернандеш порача: Има уште работа

Победата од 3:2 му донесе радост на Бруно Фернандеш, но играчот за врска предупреди дека М…