Дома Останати Кошарка Му пресуди спектакуларниот настап на Нено: Рајковиќ доби отказ во ЦСКА

Му пресуди спектакуларниот настап на Нено: Рајковиќ доби отказ во ЦСКА

Eден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на ЦСКА.

Рајковиќ доби отказ по натпреварот кој неговиот тим го загуби од Уникс, а во кој блескаше Ненад Димитријевиќ со 40 поени, 9 асистенции и 6 скокови.

„Сакам да ја искажам мојата благодарност до ЦСКА Москва и претседателот Андреи Ватутин за непрекинатата соработка и довербата која ја покажа кон мене и ми дозволи да предводам еден од најуспешните тимови во историјата на европската кошарка. Во овие две години забележавме многу победи и многу убави моменти кои ќе ги паметам вечно“, изјави Рајковиќ.

На кормилото на ЦСКА, Рајковиќ седна во летото 2022 година и во првата сезона постави рекорд по бројот на победи (30), но и рекорд по број на победи во низа (24). Пред ЦСКА, Рајковиќ седеше на клупата на: Карпош Соколи, Фени Индустри, Работнички, Салкс, МЗТ, Стал, Астана и Автодор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во центарот на вниманието по инцидент со Хејс

Во пријателски натпревар против Јута Џез, Никола Јокиќ се најде во центарот на вниманието …