Играчите на Манчестер Јунајтед знаеа синоќа да ја прослават победата над Евертон во рамки на петтото коло од англиската ПЛ.
Јунајтед на „Олд Трафорд“ го декласираше Евертон, и така продолжи да победува и остана на врвот на табелата заедно со градскиот ривал Манчестер Сити. Обата тима сега имаат по 12 бодови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По дуелот, одредени играчи на Манчестер Јунајтед одлучија да се опуштат па тргнаа во ноќниот живот.
Британските таблоиди објавија фотографии од Антони Марсијал и Матео Дармијан како чекаат пред влезот на еден од ноќните клубови во градот.
Не е познато дали Жозе Мурињо им дозволил на своите играчи да излезат или индивидуалци ќе ги сносат последиците од оваа забава.
Познато е дека Португалецот е педантен и води сметка за се, па Марсијал и Дармијан би можеле да бидат изоставени од списокот за следниот меч на „Црвените ѓаволи“.

