Дома Фудбал Италија Му даде гол на Јувентус, па порача: Би можеле да го освоиме Скудетото!

Му даде гол на Јувентус, па порача: Би можеле да го освоиме Скудетото!

Aнтонин Барак беше херој на Верона во вчерашниот натпревар против Јувентус во кој беше стрелец на изедначувачкиот гол (1:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ водеше со голот на Кристиано Роналдо, но Верона успеа да дојде до бод откако Барак погоди со глава. После натпреварот тој беше играчот од редовите на Верона кој даваше изјава за „ДАЗН“ и новинарката Дилета Леота.

„Ова е клучот на нашата игра. Многу сме агресивни и физички сме силни, а поседуваме и квалитет. Ова е нашиот начин на кој играме фудбал“, изјави Барак, па потоа додаде нешто интересно.

„Би можеле да го освоиме Скудетото“, порача со насмевка.
Јувентус сега е трет со 46 бодови, а Верона деветта со 35 бодови. Тимот предводен од Иван Јуриќ во еден момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ сè уште нема одлука за својата иднина во Милан

40-годишниот играч за врска Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за својата ид…