Македонија вчера го одработи првиот тренинг со новиот селектор, Благоја Милевски и така започнаа подготовките натпреварите со Ерменија, Исланд и Романија.
Цели седум години Милевски беше селектор на младинците до 21 години, а со нив настапи и на историското Европското првенство во 2017 година. Еден од оние кои тогаш беа дел од младата репрезентација е Висар Муслиу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро го стартувавме овој циклус за Светското првенство, но треба уште повеќе да го подобриме бодовното салдо во следните мечеви, така да, сега треба само што подобро да се прилагодиме на идеите на новиот стручен штаб. Многумина од нас веќе знаат со кого работат сме работеле со него во младата селекција и мислам дека за брзо време ќе се вклопиме сите и се надевам дека сѐ ќе биде добро“, изјави Муслиу,
Натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија се игра во четврток во 20:45 часот.