Дома Топ вести Мурињо со порака до Реал Мадрид: Заборавете на Де Геа!

Мурињо со порака до Реал Мадрид: Заборавете на Де Геа!

0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо му порача на актуелниот европски шампион Реал Мадрид да не се ни обидува да го донесе Давид де Геа во своите редови.

27-годишниот Шпанец има договор со „црвените ѓаволи“ до 2019 година, но се очекува наскоро да потпише нов, многу побогат договор.

И покрај тоа не стивнуваат шпекулациите за негов трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, со оглед на фактот дека Де Геа е прва желба на претседателот Флорентино Перез.

Мурињо сега директно му порача на „кралевите“ да си бараат друг голман и да заборават на Де Геа.


Следете го Sportski.mk и на


„Не знам какви се намерите на Реал Мадрид, но јас да бев на нивно место ќе мислев за друг играч. Нека не мислат на Де Геа“, јасен беше Португалецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО: Леброн одличен против поранешниот тим, Вориорси победија, Кари имаше своја вечер

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари кои донесоа многу возбудувања. …