Дома Фудбал Англија Мурињо се збогуваше со Ибра: Европа загуби многу со неговото заминување!

Мурињо се збогуваше со Ибра: Европа загуби многу со неговото заминување!

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во дресот на ЛА Галакси.

После фантастичната прва сезона на „Олд Трафорд“, Ибрахимовиќ доживеа повреда на коленото, па оваа сезона запиша само неколку настапи.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо денес се збогуваше со Ибрахимовиќ, но не пропушти да потенцира дека Шваѓанецот никогаш повеќе нема да биде истиот фудбалер.

„Навистина е голема штета кога големите играчи си заминуваат. Заминувањето на Златан беше тажно. Тој е многу голем играч, човек кој многу ќе му недостасува на европскиот фудбал. Европа губи многу со неговото заминување“, истакна Мурињо.

„Тој си замина и никогаш повеќе нема да биде на нивото кое ни го прикажуваше со години. Времето кое ќе го мине во Галакси ќе биде многу позитивно за него и за американскиот фудбал. Тој заслужува да ужива во последните години од неговата кариера“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роџерс за Палмер: „Чест е да играме заедно секоја недела“

Морган Роџерс не го крие задоволството што повторно има можност да игра заедно со својот п…