Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за киксот против Саутемптон директно ги обвини играчите од средниот ред.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ако им се верува на англиските медиуми дошло до нова жестока расправија помеѓу Мурињо и Погба, за кого „Специјалниот“ смета дека е најголем виновник за лошите резултати.
По завршувањето на мечот на „Сент Мери“, „Специјалниот“ влетал во соблекувалната и го нападнал Французинот.
„Ти не играш. Не ги почитуваш играчите и навивачите.Го убиваш менталитетот на сите добри луѓе околу тебе. Ти си како личност со грип, со вирус кој го пренесуваш на другите“, викал Мурињо.
Погба само молчел, а од него дефинитивно се очекува повеќе со оглед дека е најскап фудалер во историјата на клубот. Французинот од 30 дуели загуби 15, а процентот на успешни додавања му беше едвај 85%.
Доколку е точно ова што го пренесоа англиските медиуми, тогаш дефинитивно ќе значи дека за нив двајца нема место во еден ист тим.