Дома Фудбал Останато Мурињо не бил прв избор: Рома пред Португалецот контактирала друг тренер

Мурињо не бил прв избор: Рома пред Португалецот контактирала друг тренер

Италијанскиот фудбал од наредната сезона ќе биде побогат за Жозе Мурињо.

Трофејниот Португалец се враќа на „Чизмата“ после пауза од 11 години. Ја напушти Италија како победник и во 2010 година освои историска триплета со Интер. Наредната сезона ќе ја предводи Рома откако оваа доби отказ од Тотенхем.

Денес италијанските медиуми пишуваат дека Мурињо не бил прв избор на раководството на Рома.

Сопственикот на Рома, Фридкин пред Мурињо го контактирал Марсело Гаљардо, тренерот на Ривер Плејт. Аргентинецот ја одбил понудата од причина што договорот со Ривер му истекува на крајот од годината и до тогаш не сака да размислува за промена на клубот.

Инаку, Гаљардо е барано име често пати се споменува помеѓу кандидатите за преземање на Барселона, но и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона за прв пат ја надмина чудесната граница!

Враќањето на Стадионот „Спотифај Камп Ноу“, растот на приходите од спонзори и рекордната п…