Дома Фудбал Италија Мурињо најави: Рома ќе биде сериозно ослабена во финалето против Севиља

Мурињо најави: Рома ќе биде сериозно ослабена во финалето против Севиља

Според последната изјава на Жозе Мурињо по вчерашното реми со Салернитана, Рома ќе биде без Паоло Дибала во финалето од Лигата на Европа против Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала дефинитивно е најдобриот фудбалер на Рома сезонава, но Аргентинецот се мачи и со повреди, посебно во финишот од сезоната. Дибала не беше во комбинација за дуелот со Салернитана, а сигурно нема да игра и против Фиорентина во следното коло.

Новинарите на прес-конференцијата по дуелот со Салернитана кој заврши без победник 2:2 го запрашаа португалскиот стратег за ситуацијата со напаѓачот.

„Ситуацијата на Дибала? За жал не сум оптимист, најверојатно ќе го пропушти финалето“, кратко одговори Мурињо.

Финалето во Будимпешта на 31-ви мај ќе биде прилика за Мурињо да стигне до својот втор европски трофеј во низа со „волчицата“ откако минатата година ја освои Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како ова не е гол? Го имаме најголемото промашување досега на Мундијалот! (Видео)

Швајцарската репрезентација се израдува на победа од 2:0 над Алжир, со што го обезбеди пла…