Дома Фудбал Англија Мурињо: Луѓето кои имаат памет ќе ја разберат нашата ситуација!

Мурињо: Луѓето кои имаат памет ќе ја разберат нашата ситуација!

Манчестер Јунајтед доживеа тежок удар откако беше елиминиран во Лигата на шампиони од Севиља, а Жозе Мурињо беше мета на жестоки критики.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Специјалниот“ во сој стил даде одговор и истакна дека паметните луѓе ќе ја разберат ситуацијата во која се наоѓа Манчестер Јунајтед.

„Го разбирам разочарувањето поради елиминацијата од Лигата на шампиони, но не ги разбирам критиките на наша адреса. Големите клубови не за прв пат во својата историја искусиле преоден период. Нема ништо ново во тоа. Има само еден тим во Премиер лигата, кој е подобар од нас. Ние сме зад Сити, но не заборавајте дека сме пред сите 18 други тимови“, изјави Мурињо.

„Тие кои се паметни, гледаат дека клубот е во процес на транзиција. Ја разбирам лутината, тагата, но не можам повеќе од тоа да разберам. Ние доживуваме преоден период, и во овие услови, имаме добри резултати“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо добива ново засилување: Челси договори Аргентинец за 40 милиони евра

Челси го договори доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко (21), објави Фабрицио…