Дома Фудбал Англија Мурињо конечно открива: Ова е причината што го заменив Лаказет со Лукаку

Мурињо конечно открива: Ова е причината што го заменив Лаказет со Лукаку

Францускиот напаѓач, Александре Лаказет летово го напушти Лион и одлучи да потпише за лондонски Арсенал.

Лаказет не е баш ефикасен на „Емирати“ за разлика од партиите кои ги нудеше во Франција, па многумина се прашуваат дали Арсенал направи вистински потег што го донесе. Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед летово можел да го донесе Лаказет, но дека Жозе Мурињо на крајот сепак се откажал.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Како што се наведува, скаутите на „Црвените ѓаволи“ некое време го следеле францускиот напаѓач кој беше многу блиску до преминување на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, откако Мурињо со своите соработници ги прегледал статистичките податоци на Лаказет се откажа од него и се фокусираа кон Ромелу Лукаку.

Според Мирор, одлучувачкиот податок бил тој што голгетерскиот учинок на Лаказет не бил импресивен, бидејќи дури 11 погодоци постигнал од пенал во изминатата сезона. Исто така, Мурињо веруваше дека Лукаку е многу подобар избор бидејќи Лаказет не се истакна многу на важните натпревари. Се чини дека сепак, Португалецот направи на крајот добар дил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси потроши 200 милиони евра, но не застанува: Мареска може да добие нов голгетер!

За четворица офанзивци, Гитенс, Делап, Естевао Вилијан и Жоао Педро, Челзи летово издвои р…