Дома Фудбал Мурињо: И со ВАР некои екипи се уште даваат голови од офсајд

Мурињо: И со ВАР некои екипи се уште даваат голови од офсајд

Рома вчера одигра 0:0 против Болоња, а навивачите на римската „волчица“ се гневни поради недосудениот пенал за нив после играње со рака.

Од друга страна тие сметаат дека Лацио добил подарок против Специја. Лацио победи со гол во самиот финиш за 4:3, а тој натпревар го прокоментира и Жозе Мурињо.

„22 години сум тренер и ништо не се сменило. Тогаш можеше да се победи со гол од офсајд, а може и денес. Вчера еден тим победи со гол од офсајд иако има Вар“, алудираше Мурињо на победата на Лацио.

Голот кој предизвика реакции го постигна Ачерби. ДАЗН и Скај Спорт Италија се обидоа да ја анализираат ситуацијата, но никој ја немаше верзијата од ВАР со повлекување на линии, па тешко е од снимката да се оцени дали е офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…