Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо го бараше детето после натпреварот: Интелигентно момче, таков бев и јас…

Мурињо го бараше детето после натпреварот: Интелигентно момче, таков бев и јас…

Тотенхем во фантастичен натпревар го победи Олимпијакос со 4:2.

Клучна улога во првиот гол на Тотенхем во првото полувреме беше детето кое ги собираше топките. Брзо ја додаде топката, а акцијата заврши со погодок за 1:2.

На крајот се испостави дека овој гол беше клучен во пресвртот, а Жозе Мурињо после натпреварот зборуваше за детето.

„Ми се допаѓаат интелигентните дечиња кои се задолжени за топките, таков бев и јас. Бев брилијантен во тоа и ова момче исто така. Добро ја разбира играта и направи важна асистенција. Не беше тука само да го гледа натпреварот.“ – изјави Мурињо и додаде:

„Се обидов да го пронајдам и да го поканам во соблекувалната да ја прослави победата заедно со нас, но тој избега“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Струга му даде шест гола на Арсими, Радески блесна со хет-трик

Струга ТЛ забележа убедлива победа од 6:0 против Арсими во натпреварот од осмото коло во П…