Дома Фудбал Англија Мурињо ги разбуди новинарите во „рана зора“ за – 210 секунди!

Мурињо ги разбуди новинарите во „рана зора“ за – 210 секунди!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја продолжи „војната“ со британските новинари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако закажа конференција за медиумите во осум часот наутро, одговори само на пет прашања за нешто повеќе од три минути, осносно 210 секунди.

Во кратокот излагање Португалецот изјави дека постојат многу причини зошто Јунајтед се мачи оваа сезона, но одби да ги наброи.

„Неприфатливо би било, петти натпревар да не знаеме за победа“, изјави Мурињо, такво нешто на Манчестер Јунајтед не му се случило уште од 1999 година.

И покрај 10-тата позиција во Премиер лигата, Мурињо тврди дека ниту во останатите европски лиги табелата во овој момент не ја отсликува реалната состојба, бидејќи е само почеток.

„Во позиција сме да можеме многу повеќе. Потребни ни се победи, посебно во овој момент. За да се поправиме мора да дојдеме до три бода“.

Единствената победа Манчестер Јунајтед оваа сезона ја оствари на отварањето на сезоната, против Лестер (2:1).

„Имаме само еден пораз на свој терен оваа сезона, само еден во седум натпревари. Сепак, имаме и три нерешени натпревари“, го изнесе својот став на кризата Мурињо.
Натпреварот помеѓу Јунајтед и Њукасл се игра во сабота во 18:30 часот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал на подолга пауза од првичното мислење!

Ламин Јамал ја повреди задната ложа за време на натпреварот со Селта и со тоа ја заврши се…