Дома Фудбал Англија Мурињо во хотелот кој престојувал на Јунајтед му направил сметка од 600.000 фунти

Мурињо во хотелот кој престојувал на Јунајтед му направил сметка од 600.000 фунти

Жозе Мурињо денес доби отказ во Манчестер Јунајтед после очајните резултати.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради огромниот договор со клубот Мурињо ќе добие огромна оштета од 24 милиони фунти, но освен тоа Јунајтед потрошил 600.000 фунти на хотелот во кој престојувал.

Откако дојде во Јунајтед, Мурињо живеел во луксузен хотел додека, неговото семејство престојувало во Лондон.

Мурињо имал прилика да купи куќа во близина на тренинг центарот, но тој точно 895 дена живеел во хотелски апартман кој дневно чини 600 фунти. Англиските медиуми така пресметаа дека неговата хотелска сметка изнесувала 537.000 фунти.

Во оваа сума не се пресметани трошоците од барот во хотелот и користењето на дополнителни услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…