Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс е позитивен на коронавирус и моментално се наоѓа во домашна изолација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот помошник, Алан Ирвин денес потврди дека Мојс од дома ќе го предводи тимот на неделниот натпревар во Премиер лигата против Вулверхемптон.
Ирвин ќе биде присутен на клупата на „чеканите“, но Мојс ќе го предбоди тимот преку апликацијата „Зум“.
„Дејвид ќе го предводи Вест Хем на претстојниот меч, се’ што ќе одлучиме ќе оди преку него.Тој ќе ги носи одлуките за натпреварот, ништо нема да се промени, исто како и оваа пресконференција, јас сум само преносителот на пораките“, потврди Ирвин.