Дома Фудбал Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората вчера ги постигна двата гола во победата на Јувентус против Динамо Киев на гости.

Шпанецот по натпреварот истакна големи амбиции и најави дека „старата дама“ го сака трофејот во Лигата на шампионите.  Головите Мората ги постигна во 46. и 84. минута.

„Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона го сакаме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го направивме. Задоволни сме“, изјави Мората.

Екипата на Андреа Пирло во следниот натпревар идната недела ќе ја пречека Барселона во дербито на групата Г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…