Дома Фудбал Лига на шампиони Мората го реши Леверкузен, Динамо испушти победа во Украина (ВИДЕО)

Мората го реши Леверкузен, Динамо испушти победа во Украина (ВИДЕО)

Во терминот од 18:55 часот се одиграа два натпревари од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид славеше во Мадрид против Баер Леверкузен со 1:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Фармацевтите“ први се заканија на самиот почеток и тоа беше се до клучниот момент на натпреварот.

Се играше 78-та минута кога Алваро Мората одлично реагираше на нафрлувањето на Лоди од левата страна и на тој начин донесе победа за својот тим.

Шахтјор и Динамо ремизираа со резултат 2:2.

Домаќинот прв стигна до предност преку Конопјанка кој после додавањето на Марлос влезе во шеснаесетникот и го совлада Ливаковиќ.

Од тој момент следуваш подобра игра на „модрите“. Прво Гавриновиќ пропушти добра прилика, но во 25-тата минута преку Олмо Динамо изедначи.

Се редеа шанси и во второто полувреме. Динамо се закануваше преку Орсиќ и Олмо, а потоа се случи еден глупав потег на Пјатов кој направи пенал без потреба. Реализатор на најстрогата казна беше Орсиќ.

Шахтјор до бод стигна кога Додо во 75-тата минута ја затресе мрежата на тимот од Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …