Дома Фудбал Мората го пропушта мечот со Евертон поради БИЗАРНА причина

Мората го пропушта мечот со Евертон поради БИЗАРНА причина

Голгетерот на Челзи, Алваро Мората ќе го пропушти гостувањето кај Евертон поради фактот што Шпанецот вчера го доби 5-от жолт картон од почетокот на сезоната.

Мората доби жолт картон поради начинот на кој го прослави голот против Бурнмаут во Лига Купот. Имено, напаѓачот топката ја стави под дресот и со тоа очигледно ја поздрави својата сопруга која е во блажена состојба.

„Искрено, не го видов картонот. Тоа е голема загуба за нас, бидејќи ни претстои многу важен меч со Евертон. Меѓутоа мора да ја прифатиме реалноста“, изјави Конте.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси напредува во преговорите за Скот, но трката сè уште е отворена

Според Симон Филипс, Челси и Борнмут се приближиле околу сумата за Алекс Скот, но останува…