Дома Фудбал Италија Монтела пред големото дерби против Јувентус: Кој ќе ја понесе капитенската лента?!

Монтела пред големото дерби против Јувентус: Кој ќе ја понесе капитенската лента?!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Милан во Верона против Киево ја прекина црната серија резултати и со убедлива победа дојде до воздух кој на извесно време изостана од тимот на Винченцо Монтела.

Ваквиот триумф го подигна моралот на екипата пред дербито со Јувентус следниот викенд.

Шампионот доаѓа во Милано полн самодоверба по убедливата победа во која постигна 10 погодоци, додека Милан се надеваше на пресврт во продолжението на сезоната.

Милан до посакуваната победа дојде без најголемото засилување и капитенот, Леонардо Бонучи. Тој е суспендиран поради црвен картон на мечот со Џенова, а суспензијата се однесуа и на дуелот со Јувентус. Бонучи ќе го пропушти мечот против клуботво кој стана еден од најдобрите стопери на светот, а Милан ќе мора да најде свој нов капитен.

Против Киево лентата ја носеше Лукас Беља, но Аргентинецот беше заменет поради умор. Биља исто така е доведен како големо засилување кое со искуството може да помогне на младиот тим на Росонерите, но досега не покажа многу. Против Јувентус би можел да почне од клупата, а наместо него би можел да заигра Мануел Локалети. Што значи дека Монтела е во потрага по нов капитен.

Тоа најверојатно ќе биде Сусо. Шпанецот е во одлична форма, веќе две сезони е најдобар играч на Милан и капотенската лента би требало да биде заслужена награда. Можеби би била и дополнителен мотив на Сусо кој против Киево како стрелец и асистент учествуваше во три од четирите погодоци на Росонерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина таткото на Маркос Алонсо

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Почина поранешниот ф…