Дома Фудбал Останато „Момчето на кое му шепнав неколку одговори за двојка сега испиша историја“…

„Момчето на кое му шепнав неколку одговори за двојка сега испиша историја“…

Oние кои го познаваат секако не можеа да останат рамнодушни на големиот успех на Лука Модриќ кој вчера беше прогласен за најдобар фудбалер од страна на ФИФА.

Една од најемотивните пораки до Модриќ ја испрати писателот Јуре Карамарко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што самиот открива во својот текст на неговиот Фејсбук профил, Карамарко и Модриќ ја делеле училишната клупа и заедно делеле СЕ.
Јуре ги објаснува и тешките денови за нив двајца во кои немале пари за автобус па морале пешки да одат од дома до училиште и назад.

Во текстот тој објаснува и како благодарение на него Модриќ добил „двојка“ по историја, како класната еден ден дошла на училиште и им соопштила дека Лука повеќе нема да доаѓа затоа што се преселил во Загреб…

„Еден ден, пред часот за историја, типот со којшто седев во клупата ми вели дека не учел, дека не е подготвен. Зад нас седеа Јукиќ и Бугарија, па јас се заменив со Јукиќ и седнав со Бугарија. Така, типот кој седеше со мене во клупата, сега беше пред мене. Учителката го прозва и кога стана јас му шепнав неколку одговори и доби двојка“…Стои помеѓу другото во емотивниот текст на Јуре.

На крајот тој му честита и истакнува дека тој се уште верува дека и покрај се длабоко во него се уште има дел од момчето со шал од Хајдук.

https://www.facebook.com/jure.karamarko.71/posts/865878037134329

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…