Дома Фудбал Останато Може ли Рома да ја прекинe фантастичната серија на Ајакс?

Може ли Рома да ја прекинe фантастичната серија на Ајакс?

Денешниот ден е резервиран за првите натпревар од Лига Европа, а еден од најинтересните е секако дуелот помеѓу Ајакс и Рома.

Ајакс: На 24-ри врзани натпревари не знаат за пораз

Фудбалерите на Ајакс прикажуваат фантастични партии во последно време, а најдобар показател за тоа ни е фактот дека овој клуб нема пораз на последните 24 натпревари. Во овој момент тие се наоѓаат на убедливото прво место на табелата во националниот шампионат со дури 11 бода повеќе во однос на второпласираниот ПСВ, па сега слободно може да кажеме дека Ајакс е на прагот на нова титула. Во минатото коло овој тим со многу маки славеше кај Херенвен со резутлат од 1-2. Во Лига Европа, Ајакс во 1/8 финалето во двомечот беше подобар од Јанг Бојс и со вкупен резултат од 5-0 стигна до пласман во ¼ финалето. На домашен терен изиграа 13 натпревари каде што остварија дури 11 победи, едно реми и еден пораз.

Рома: Волчицата е во криза во најлош момент

Иако Рома во поголем дел од шампинатот прикажуваше фантастични партии, впечатокот е дека овој тим своите најслаби партии ги прикажаа во последниов месец, а посебно тоа се однесува на Серија А. Моментално тие се на седмото место на табелата и покрај тоа што во поголем дел од шампионатот беа на една од првите четири позиции што секако тоа носи пласман во ЛШ, а всушност и тоа им е примарна цел на Римјаните кога е во прашање оваа сезона. Рома успеа во Лига Европа да биде подобра од тимот на Шахтјор и со вкупен резултат од 5-1 успеа да избори пласман во ¼ финалето каде што имаат амбиции да стигнат до самиот крај на ова натпреварување.

Наш предлог

Интересно е дека Ајакс последниот пораз го доживеа од италијански клуб, а тоа беше тимот на Аталанта. Од друга страна Рома во последно време игра лошо и единствената позитивна работа е пласманот во ¼ финалето од ЛЕ. Овде како прв предлог ви нудиме 3+ со квота 1.70 во 1xBet, a исто така може да испробате и ГГ со квота 1.60 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нападнат автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид!

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва на „Енфилд“ го играат реванш натпреварот од полуфиналето во…