Дома Останати Тенис „Можам да го победам Ѓоковиќ, тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата“

„Можам да го победам Ѓоковиќ, тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата“

Во второто коло од Австралија Опен ќе се сретне против домашниот тенисер, Алексеј Попирин, а со новите правила Ѓоковиќ има два дена слободни по мечот против Хрватот Дино Прижмиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Организаторот оваа година поради проблемите во минатото одлучи првиот грен-слем да започне порано и да трае подолго. Австралиецот смета дека тоа не е случајно.

„Тенисерите мислам дека се подолени за одлуката турнирот да стартува в недела. Ѓоковиќ така доби ден плус за одмор, сигурен сум дека побарал да игра во недела. Тоа е што е“, смета Попирин.

Во кариерата Попирин на Австралија Опен најмногу стигнал до третата рунда, а сега смета дека има добри шанси да го победи.

„Веројатно е најдобриот на сите времиња, му се восхитувам. Но секогаш имам самодоверба кога влегувам во еден натпревар, знам дека можам да победам дури и ако на спротивната страна го имам Ѓоковиќ. Тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата, така гледам на работите“, изјави младиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…