Дома Фудбал Останато Модриќ нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“

Модриќ нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“

Реал Мадрид вчера славеше против Барселона со 3:1 во „Ел Класико“, а повторно одличен на теренот беше Карим Бензема кој го постигна првиот гол на натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако не постигна гол повторно на висина на задачата во редовите на Реал Мадрид беше Хрватот Лука Модриќ кој испрати пофалби до својот соиграч. Карим Бензема е еден од главните фаворити за „Златната топка“, а Модриќ нема сомневање дека Французинот треба да ја добие оваа награда.

„Задоволни сме од победата и начинот на кој одигравме. Иако Барселона во некои периоди беше подбра на теренот. Среќен сум, а сите знаеме што ќе се случи кога Карим е со нас на теренот. За се што направи минатата сезона ја заслужува „Златната топка““, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Барселона денеска падна и најважниот потпис!

Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 год…