Дома Фудбал Модриќ ги израдува Хрватите: Ќе бидам тука додека сум потребен!

Модриќ ги израдува Хрватите: Ќе бидам тука додека сум потребен!

Лука Модриќ ја предводеше Хрватска на гостувањето кај Португалија во пријателскиот натпревар (1:1).

Златко Далиќ го замени на почетокот на вториот дел, а португалската публика го испрати со аплаузи.

После натпреварот, Модриќ доби прашање за простување од репрезентацијата…

„Искрено, не сум размислувал. Имам многу мотиви за играње за репрезентацијата, секогаш зборував дека ќе бидам тука додека сум потребен и додека можам да играм, а благодарение на Бог се уште можам“, изјави Модриќ.

Како што стојат работите Хрватска и во иднина ќе ја предводи Модриќ.

„Не гледам причина да се простам и покрај тоа што остваривме голем резултат во Русија. Мислам дека можам да и помогнам на репрезентација кога ќе почустувам дека не можам, сам ќе го кажам тоа“, откри играчот за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Батистута, ниту Салах: Тоти го избра Касано за идеален партнер

Антонио Касано е првиот избор на легендата на Рома меѓу напаѓачите со кои делеше терен. Ни…