Дома Фудбал Репрезентации Многу поинаква – подобра Македонија: Италија не победи во Скопје! 🎥

Многу поинаква – подобра Македонија: Италија не победи во Скопје! 🎥

На Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва го одигра првиот натпревар по дебаклот против Англија од 7:0 и вечерва видовме една поинаква Македонија – многу подобра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италија иако влезе како голем фаворит, воопшто не ја надигра Македонија. Беа опасни Италијанците на стартот, создадоа неколку опасни шанси, погодија и статива, но подоцна и Македонија се закани.

Бојан Миовски ја имаше најголемата шанса за нас кога по нафрлувањето на Алиоски со глава шутираше покрај голот.

Во последните 15-тина минути од првото полувреме гледавме помирна игра без многу прилики.

На самиот старт по една мешаница и погодена пречка, Имобиле се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата.

Тој резултат беше активен се до финишот од средбата кога Енис Барди на мајсторски начин, од слободен удар го матираше Донарума.

Македонија со овој резултат уште еднаш се покажа како и тоа како незгоден противник за Италијанците кои во четири натпревари не победија само еднаш 3:2, еднаш ремизиравме исто како денес 1:1, а сите се сеќаваме на победата во Палермо со голот на Александар Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо има две барања за да се врати во Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО (63) е во центарот на вниманието како потенцијален нов тренер на Реал Мадрид, …