На натпреварот помеѓу Тотенхем и Црвена Звезда во младинската Лига на шампиони беа видени дури 11 погодоци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Само три минути му беа потребни на Тотенхем да поведе во натпреварот со Звезда, а голот го постигна Бенет.
Во 30-тата и 32-та минута Парот постигнува голови за предност од 3:0, а во завршницата од првиот дел гостите од Белград преку Бурмаз намалија на 3:1.
Во продолжение видовме дури седум гола. Робсон постигнува гол за 4:1 во 49-та, а Пантовиќ минута подоцна стрела за 4:2.
Потоа следуваше 5:0 серија на Спарси во последните 15-тина минути. Парот стигна до хет-трик, па гол постигна Етете, Парот стигна и до чтири гола, додека Вајт и Магхома ги поставвија конечните 9:2.
Спарсите со четири бода се на врвот од групата Б, колку што има и Баерн, Звезда има четири, а Олимпијакос еден бод.