Дома Фудбал Репрезентации Младата селекција на Србија остана без селектор

Младата селекција на Србија остана без селектор

Младата репрезентација на Србија која во квалификациите за Еуро 2023 е во група со Македонија остана без селектор откако фудбалскиот сојуз и Звонко Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во досегашните натпревари од квалификациите Србија оствари само една победа и тоа против Ерменија во Ереван со 1:4, потоа изгуби од Франција во Белград, ремизираа со нас во Охрид, а изгубија дома од Украина. Со четири освоени бодови тие се претпоследни во групата.

„Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Зонков Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот. ФСС му се заблагодарува на досегашната работа и му посакува се најдобро“, стои во објавеното соопштение.

Привремено Србија ќе ја води Александар Рогиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аргентинците го нападнаа својот херој по победата над Англија

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез се најде на удар на дел од јавноста во неговата зе…