Дома Македонски спорт Мак баскет МКФ домаќин на јуниорско Европско првенство

МКФ домаќин на јуниорско Европско првенство

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство.

МКФ ја доби довербата од ФИБА за организација на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б). Првенството ќе се одржува во Скопје во периодот од 27 јули до 5 август.

МКФ извести дека женската кадетска репрезентација ќе се натпреварува на шампионатот што ќе се одржи во Подгорица од 16 до 25 август, а кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б), кое ќе биде организирано во Сараево од 9 до 18 август.

Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13 јули до 22 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Исти поени во финалето, сребро за Недев на светската сцена во Копер

Камелија Недев освои сребро во кадетски кати на Светскиот шампионат во традиционално карат…