Дома Фудбал Михтаријан: Озил е најдобрата „десетка“ во светот

Михтаријан: Озил е најдобрата „десетка“ во светот

Новата аквизиција на Арсенал, Хенрих Михтаријан го посочи својот соиграч Месут Озил како најдобриот плејмејкер во светот.

Озил беше на излезна врата од „Емирати“, но се согласи да стави потпис на нов договор откако клубот ги ангажираше Михтаријан и Обамејанг.

„Сите знаат дека Месут е еден од најдоврите фудбалери во светот. Можам само да бидам среќен што играм со него во ист тим, бидејќи тој ја разбира играта многу подобро од сите останати. Има неверојатна визија и страшна техника – дефинитивно е најдобрата ’десетка’ во светот“, истакна Минхтаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Реал пред „Ел Класико“: Куртоа отпадна, Лунин пред сезонско деби

Грипот го исфрли Тибо Куртоа од пресметката со Барселона, па Реал ќе мора да се потпре на …