Дома Фудбал Миха нема да добие 10 милиони евра – Позната причината поради која доби отказ

Миха нема да добие 10 милиони евра – Позната причината поради која доби отказ

Претседателот на Спортинг Лисабон ги објасни причините поради кои српскиот стручњак Синиша Михајловиќ доби отказ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Михајловиќ на клупата на овој тим помина само девет дена. Со доаѓањето на новата управа беше одлучено да му се врачи отказ, а Србинот потоа побара оштета од 10 милиони евра.

Претседателот тврди дека Миха нема да ги добие тие пари и објасни зошто.

„Тој беше на проба од 15 дена и нема да му платиме 10 милиони евра.“

„Веднаш по доаѓањето почна да прави грешки. Бараше промена на тренинг кампот и зголемување на расходите за 300 илјади евра. Немам ништо против него, но тој е човек кој нема ниту еден трофеј. Беше одличен фудбалер и одлично ги изведуваше слободните удари, но тоа е се.“ – истакна претседателот на клубот.

Михајловиќ со сигурност нема да се откаже од парите и веројатно ќе ја бара правдата на суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што ќе биде со Винисиус Жуниор?

Иако Винисиус Жуниор веќе долго време е едно од заштитните лица на Реал Мадрид, преговорит…