Дома Фудбал Италија Михајловиќ со оваа изјава ја воодушеви цела Италија

Михајловиќ со оваа изјава ја воодушеви цела Италија

Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ стана хит на интернет и ја воодушеви цела Италија со изјавата која ја даде на еден италијански новинар.

Новинарот го праша Михајловиќ дали е тешко младиот Марко Бенаси со само 22 години да биде капитен на Торино, а српскиот тренер му одржа животна лекција.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Не, тешко е да стануваш во пет наутро, да бидеш на работа од 6, да работиш цел ден и на крајот да не успееш да врзиш крај со крај до крајот на месецот. Тоа е тешко. Да се игра фудбал е задоволство и привилегија, мора да биде горд што на 22 години е капитен на Торино. Тој е среќен човек, како и сите ние кои се занимаваме со фудбал на ова ниво“, заклучи Михајловиќ.

Ваквата животна лекција на Михајловиќ стана хит на интернет и за само 48 часа ја прегледаа 1,3 милиони луѓе.


Miha torino by goloviliga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нико Вилијамс ја одбил Барселона затоа што ќе ја освои ЛШ со Атлетик Билбао

Европскиот шампион Нико Вилијамс го објасни своето решение да остане во Атлетик Билбао, за…