Дома Фудбал Мислеше ли некој дека ќе биде поинаку? Меси и кажал „да“ на Барселона!

Мислеше ли некој дека ќе биде поинаку? Меси и кажал „да“ на Барселона!

Капитенот на Барселона Лионел Меси прифатил да го продолжи договорот со Барселона до летото 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно Меси бил во преговори со Барселона во последно време и во ниту еден момент не покажал желба да замине, дури и ако во договорот има клазула според која на крајот на секоја сезона може да замине ако тоа го сака.

Аргентинецот (32) целата своја кариера ја помина во Барселона и изгледа ќе остане во овој клуб до крајот на кариерата. Тоа наводно го потврдил со одлуката да го продолжи договорот до 2023 година.

Меси сезонава во дресот на Барселона постигна 26 гола на 33 натпревари и сака ја освои титулата во Шпанија, но тоа може да биде проблем по вчерашното реми со Севиља. Сепак, Барселона ја очекува и Лигата на шампионите која ќе се доигра во август.

Инаку, Меси првиот професионален договор со Барселона го потпиша на 1. јули 2005 година, актуелниот договор му има важност до 30. јуни 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…