Еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски по денешниот пораз против Црна Гора истакна дека Црногорците повеќе се бореле на теренот па затоа и победиле.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој пораз Македонија го завршува настапот на Европското првенство, останува да го одиграме последниот натпревар против Данска во понеделник.
„Разочарани сме. Факт е дека сме поквалитетна репрезентација од Црна Гора, но фаворитите не победуваат секогаш. Не можете да победите со одење и стоење. Трениравме добро, ама нешто не трениравме, а тоа е душа и срце. Неиграњето на Стоилов не може да ни биде оправдување. Имаме квалитет, но тој денес го покажавме“, изјави Миркуловски.