Филип Миркуловски против Чешка го одигра неговиот последен натпревар во репрезентативниот дрес, а сега доби признание од неговиот поранешен соиграч Наумче Мојсовски.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мојсовски му додели признание на Миркуловски за посебен придонес во ракометот.
„За ракометарот нема последна игра!
Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај!
Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! а однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот“, напиша Мојсовски.