Дома Македонски спорт Минимален пораз на Вардар на гости кај ПИК Сегед

Минимален пораз на Вардар на гости кај ПИК Сегед

ПИК Сегед и Вардар одиграа интересен натпревар во Лигата на шампионите кој на крајот заврши со победа на Сегед со 34:33.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од почетокот се играше напаѓачки, погодуваа и двете екипи. Вардар во најголем дел од првото полувреме имаше предност, а на крајот првите 30 минути завршија со два гола предност за унгарскиот претставник 17:19.

На стартот од вториот дел Вардар како да излезе со друг тим. Цели шест минути избраниците на Алушовски беа без гол, па Сегед го сврти резултатот и поведе со 20:19. Минутите без гол за Вардар ги прекине Стоилов, но потоа повторно следуваа нови овој пат осум во кои Вардар беше без гол.

Во еден момент Сегед имаше четири голови предност 30:26. Сепак, Вардар се врати и во последната минута влезе со негатива од еден гол (33:32). Клучно за поразот можеби беше исклучувањето на Шеваљевиќ. Таа предност Сегед ја искористи и го доби натпреварот со 34:33.

Најефикасни кај Вардар беа Чупиќ со девет гола, Стоилов постигна шест, Јотиќ и Дибиров по пет. Кај Сегед Бодо Ричард постигна седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…