Дома Фудбал Англија Милинковиќ-Савиќ на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед

Милинковиќ-Савиќ на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед

sergej

Сергеј Милинковиќ-Савиќ во наредните неколку дена би требало да го напушти Лацио и да потпише за Манчестер Јунајтед.

Српскиот фудбалер во 2015. година премина од Генк во Лацио за 18 милиони евра и од тогаш за овој клуб одигра 138 натпревари и постигна 31 погодок.

Сепак, се чини дека неговата епизода во римскиот клуб се ближи кон крајот, а денеска тоа го потврди и италијанска Ла Република која тврди дека играчот е на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Преговорите кои се водени минатата недела наводно поминале добро и сега Лацио би требало да добие 75 милиони евра, плус бонуси, а Сергеј би требало да потпише петгодишен договор со клубот од Олд Трафорд.

Се додава дека во наредните денови работата би требало да биде завршена околу неговото доаѓање во Англија, а Оле Гунар Солскјер би требало да го добие своето трето засилување ова лето.

Откако Реал Мадрид покажа голем интерес да го донесе Пол Погба, Јунајтед одлучи да го забрза процесот околу донесување на СМС.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го договори првото засилување

Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Арсе…